ЦВЕТНИЦИ, ВЛЕГУВАЊЕТО ХРИСТОВО ВО ЕРУСАЛИМ

WEB Телевизија во живо

Цветници (Цветоносна недела или Врбица) е христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Денот на празнување секогаш е една недела пред Велигден. Цветници е христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. Се верува дека оној кој денеска прв ќе набере цвеќе добива право на желба која сигурно ќе му се исполни ако силно верува во тоа.

Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.
Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините”.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека. Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден.
Според традицијата луѓето на овој ден се собираат во радост, но без веселба, и иако е пост, допуштено е да се јаде риба.
 
Обичај е во некои краишта воочи празникот жените да одат на ливада да наберат цвеќе, па да го стават во вода да преноќи, а наутро домашните се мијат со оваа вода.Требало да се побрза бидејќи преданието говори дека оној кој прв ќе набере цвет, една желба ќе му се исполни. Се верува дека е добро да се стави врбово гранче за брз напредок, некаде ставаат дрен за здравје, а девојките ставаат и темјанушки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *