МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ“

WEB Телевизија во живо

Навивачката група од Гевгелија „Фантоми Север“, од 14-ти до 30-ти јули ќе го организира првиот меморијален турнир во мал фудбал во чест на гевгелиската и македонска голманска и тренерска легенда Никола Гелебешев.
Пријавувањето трае до 12-ти јули, на официјалната ФБ страна на Фантоми Север или на мобилниот телефон телефонскиот број 077-709633.
 
Екипите ке бидат поделени во следните категории:
Младинска категорија, генерации родени од 2005 до 2008 година, и млади пионери во 3 генерации: 2009/2010, 2011/2012 и 2013/2014.
 
Награден фонд за младинската категорија е:
1-Место 12.000 денари 2-Место 8000 денари 3-Место 4000 денари, а ќе бидат доделени и награди за најдобар стрелец,најдобар играч, и најдобар голман
За младите пионери предвидени се наградни ваучери и пехар за 1,2, и 3 место и медали за секој играч. Исто така и за нив ќе има поединечни награди за најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот.
 
Како што ни изјавија од навивачката група „Фантоми Север“ идејата за овој турнир е да се растрчаат младите фудбалски таленти од Гевгелија и околината во чест на Никола Гелебешев, бидејќи, велат тие, тоа е нешто што него најмногу го исполнуваше.
 
Инаку, Никола Гелебешев, кој почина минатата година, беше еден од најдобрите голмани во Македонија во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, и едно од најпознатите фудбалски имиња од југот на Македонија. Тој во текот на долгогодишната кариера бранеше во три клуба, Кожув од Гевгелија, МИК (сегашно Скопје) и Работнички. Во сите тие остави силен печат и симпатизерите на секој од овие клубови со пиетет се сеќаваат на него.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *