ГЕНЕМ е македонска старт-ап компанија за генетски анализи и античка ДНК. Компанијата развива најсофистицирани методи во областа на палеогенетиката, биотехнологијата и биоинформатиката. Нашата мисија е да ви помогнеме да ја откриете тајната приказна која се крие во вашите гени. Genem е развиен во ETH Цирих, Универзитетот во Шефилд, Универзитетот во Копенхаген и Руската академија на науките.Поради проширување на нашите тимови, Генем објавува оглас за вработување на лаборанти:
Нудиме одлични услови за работа, мотивирачка работна средина и можност за дообразување и напредок во кариерата.
Аплицирајте и придружете се на тимот на Генем!
Испратете го своето CV на contact@genem.science .
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најкасно во рок од 45 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.
Огласот трае до 14 јануари 2021.
Потребни квалификации:
– Минимум завршен средно образование, од лабораториска насока (медицински лабораториски техничар), со положен стручен испит;
– Предност имаат кандидатите со завршено високо образвание и положен стручен испит;
Дополнителни квалификации:
– Лојалност, одговорност, снаодливост;
– Стабилна личност со високи етички норми;
– Способност за индивидуална и тимска работа;
– Флексибилност, прилагодливост и истрајност;
Ние сме општествено одговорна компанија која вложува назад во заедницата, и затоа даваме предност на општествено одговорни граѓани кои ја делат истата визија.
Предност ќе имаат кандидатите кои исполнуваат еден од следните услови:
– Поседуваат соодветно работно искуство;
– Надвор од нивното образование или работно место, покажале општествена одговорност преку волонтирање и активизам (пр. волонтирање во Црвен крст, грижа за бездомни улични животни, иницирале студентско организирање, биле активни за заштита на човекови права и слободи сл.);
– За време на своето образование учествувале и добиле награди и признанија;