ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 12-ТИ НА „СТРУМИНА ТРЕИЛ ВО ШТИП

WEB Телевизија во живо

Денеска, недела, 26 ноември, во Штип се одржа деветтото издание на кратката ама слатка треил трка во околината на Штип. На стартот кој беше од пред СОУ Јане Сандански се појавија 157 атлетичари од сите краеви на Македонија.
Боите на гевгелиските атлетичари ги бранеа Валентина Узунова, во женска и Методија Ичев во машка конкуренција од ЗПСК „Кожуф“ и Мијалче Андоновски, во машка конкуренција, како претставник на АК „7-ми Ноември“.
 
Валентина и овој пат ги покажа своите тркачки способности и со време од 2 часа 28 минути и 35 секунди, го освои првото место во категорија и седмото во женска комкуренција.
Во машка комкуренција Методија Ичев на крајот беше на 12-то место.
Патеката годинава беше со должина од 19 километри со 750 метри висинска варијација. На патеката имаше еден окрепувачки пункт во селото Липов Дол на 8,9 километри од стартот на патеката, а попатно тркачите минуваа покрај неколку изворски чешми, меѓу кои Струмина на 2,8 километри од стартот, Љупчова на 7,1 и Куртбунар на 17,5 метри од стартот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 12-ТИ НА „СТРУМИНА ТРЕИЛ ВО ШТИП

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *