ГОЛЕМ УСПЕХ НА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА „7-МИ НОЕМВРИ“ ВО ГРЦИЈА, ОСВОЕНИ 4 ПРВИ МЕСТА

WEB Телевизија во живо

На вчерашните трки кои се одржаа во местото Ваптистис во Република Грција, голем успех постигнаа младите и повозрасните членови на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија во машка и женска конкуренција.

Во трката на 10 километри, Тодор Анчев го освои првото место, додека Дарко Прошевски беше четврти.. Во трката на 5 километри прв низ целта помина Атанас Епов, додека кај жените Наташа Демерџиева го освои третото место.

И младите атлетичари постигнаа одлични резултати. Така во детската трка на 1,6 километри кај машките и кај женските, првите места ги освоија гевгеличани, Максим Ангов и Хана Клинкарова. На оваа трка настапи и Матеа Танова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *