ОДЛИЧНО ВТОРО ИЗДАНИЕ НА „ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН“

WEB Телевизија во живо

Вчера, недела, 12 мај, на патеката Курија, кај Негорските бањи, се одржа вториот по ред Гевгелиски Велотлон. Се работи за комбиниран натпревар на возење на велосипед по Off road патека, совладување на препреки и трчање по ридска патека.
 
Учесниците се натпреваруваа во 4 категории во машка и женска конкуренција, 14-18 години, 18-35 години, 35-55 години и 55 + години;
Вкупниот наградниот фонд изнесуваше 48.000,00 денари, кои ги обезбеди АМД „Гевгелија“
Вкупната должина на патеката изнесуваше 5600 метри од кои 4640 метри за Off road возење велосипед (во две фази), 880 метри за трчање (во две фази) и совладување на 6 препреки во должина од 80 метри.
 
На овогодишниот Велотлон настапија 46 натпреварувачи од Македонија, кои мораа да вложат голем напор за да ја совладаат прилично тешката патека, која, од своја страна изискува одлична физичка подготвеност на секој од натпреварувачите.
 
Најдобар резултат оваа година имаше Oливер Чекрлиќ, кој е и победник на „Гевгелиски Велотлон 2024“. Второто место го освои Влатко Семенаков, додека трет беше Влатко Лозановски.
Во останатите категории победници станаа, кај мажите Мите Досков и Костадин Спиров, додека во женска конкуренција на највисокото место на подиумот застанаа Анита Величковска, Павлинка Карајанова и Јована Дичева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *