23 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ОСУМТТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ВЕЈЦЕ

WEB Телевизија во живо

Денеска се навршуваат 23 години од подмолниот напад кај тетовскотосело Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на Македонија.
Хероите никогаш не умираат, е пораката која овој Велигден дел од граѓаните си ја разменуваат покрај честитките за празникот, во знак на сеќавање на осумтемина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ кои на 28 април 2001 година, од заседа, беа масакрирани кај тетовско село Вејце.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.
 
Осумтемина загинати барнители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.
Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *