ДЕНЕС Е 21 МАРТ, СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Поезијата е онаа тенка пајажина помеѓу срцето и мозокот, кажал одамна вљубениот поет. А, секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на Светскиот ден на поезијата.
Поезијата ја потврдува нашата заедничка човечност откривајќи ни дека многу поединци, насекаде во светот, делат исти прашања и чувства. 

Одлуката за прогласување на 21 март како Светски ден на поезијата беше усвоена за време на 30-та сесија на УНЕСКО која се одржа во Париз во 1999 година.
На сите вас, денес, на денот на убавиот поетски збор, ви ја подарувам оваа прекрасна љубовна песна „Пролет“ на Блаже Конески
 
Пролет
Ноќеска слушав песна
далечен топол глас,
утрово сонце ме бакна,
затоа весел сум јас.
Очиве ми се смеат,
како да не бидам луд?!
Од поле децата првпат
донесле врбов цут.
Како да не сетам мака
за твојот поглед и рака!
Спомни ме и ти мене
в срмена пролет и драга –
навечер кога со пупки
се реди твојата снага.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *