ДИК: OБРАБОТЕНИ 99,3% ОД ГЛАСОВИТЕ, СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ДОБИ 362.682 ГЛАСА, ПЕНДАРОВСКИ 180.306

WEB Телевизија во живо

Резултати што Државната изборна комисија ги објави денеска, 25 април 2024 година во 13 часот на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 99,3 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356 (9,21%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 (9,26%), Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103 (0,90%).
Излезноста на гласачите според податоците од 3.474 избирачки места изнесува 49,95 отсто. На гласање излегле 904.892 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 880.310, а неважечки 24.549 гласачки ливчиња.
 
Во Општина Гевгелија излезноста на гласачите кои излегле на 37 избирачки места, изнесува 64,28%. Од вкупно запишани 18,787 гласачи, на изборите гласале 12.077 гласачи. Важечки гласачки ливчиња биле 11.707, а бројот на неважечки бил 370.
Најмногу гласови во Општина Гевгелија доби кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова 6.354,(52,61%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 3.303 гласови. Трет, по бројот на гласови во Општина Гевгелија е Максимк Димитриевски од ЗНАМ, кој доби 1068 гласови(8,84%), Биљана Ванковска, поддржана од ЛЕВИЦА освои 748 гласови(6,19%), Стевчо Јакимовски од ГРОМ има добиено 212 гласови(1,76%), додека Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од ВРЕДИ освоија по 11 гласа(0,09%)
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
 
Имајќи предвид дека никој не го доби потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Вториот изборен круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентраните избори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *