119 ГОДИНИ ОД ХЕРОЈСКОТО ЗАГИНУВАЊЕ НА ХРИСТО УЗУНОВ

WEB Телевизија во живо

„Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.“
Денеска се навршуваат 116 години од херојската смрт на големиот македонски револуционер, охриѓанецот Христо Узунов, учител и војвода, роднина на Григор Прличев.

Христо Узунов (22 февруари 1878 – 24 април 1905 година) го претставува охридското револуционерно движење во времето на самосозревање на македонскиот народ. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од Струга од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов.

Според некои докумени се смета дека Христо Узунов во револуционерната организација се вклучува во 1896 година заедно со Методи Патче. Благодарение токму на него, за илинденското востание се знае многу повеќе отколку за другите востанички реони. Тој регистрирал се, го бележел името на секој загинат востаник, на секој убиен селанец, на секој предавник којшто организацијата го осудувала на смрт. Денеска се познати имињата на сите 478 лица од охридско-струшкиот крај кои загинале во Илинденското востание.

Христо Узунов по востанието останал во татковината каде настојувал борбите да продолжат. На 24 април 1905 година Христо Узунов со неговата чета влегол во село Цер-кичевско заедно со крушевскиот војвода Ванчо Србаков каде бил обиколен од од силни турски сили. Тие не добиле никаква помош па биле принудени да се предадат..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *