УТРЕ ЗАПОЧНУВА НАЈНЕОБИЧНОТО СП ВО ФУДБАЛ ВО ИСТОРИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Првенството започнува, утре, во недела на 20 ноември со мечот меѓу Катар и Еквадор.
Тоа сигурно ќе биде најнеобичното Светско првенство досега. Прво што некогаш се одржало кога е зима на северната хемисфера. Тоа ќе биде и првпат арапска земја да биде домаќин на Светско првенство. Тоа ќе биде и најкомпактната верзија на турнирот во модерната историја, бидејќи најдолгата оддалеченост помеѓу стадионите е нешто повеќе од 60 километри.
 
Исто така, интересно е да се забележи дека Катар е најмалата земја која некогаш била домаќин на Светското првенство.
Без никаков сомнеж, ова ќе биде најскапото првенство, трошоците на организацијата ќе изнесуваат вртоглави 200 милијарди долари, околу 20 пати повеќе од цената на претходното Светско првенство што се одржа во Русија пред четири години.
 
Новите стадиони чинат повеќе од седум милијарди долари, додека системот на подземната железница што поврзува пет од осумте стадиони чинеше околу 36 милијарди долари.
Катарската влада предвидува заработка од 20 милијарди долари со 1,5 милиони нови работни места отворени во недвижности, градежништво и угостителство. Катар се надева дека турнирот исто така ќе помогне во модернизирањето на неговиот имиџ и ќе го направи туристичка и деловна дестинација споредлива со регионалниот ривал Дубаи.
 
Организаторите предвидуваат дека во Катар ќе пристигнат повеќе од еден милион навивачи, а се наведува дека досега се продадени 2,9 милиони од 3,1 милион билети.
Титулата светски првак ја брани Франција, која пред четири години во финалето во Москва ја совлада Хрватска со 4-2.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *