ИНФОРМАТИВНИ СРЕДБИ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКИ БРАКОВИ

WEB Телевизија во живо

Иако темата за малолетнички бракови не е многу актуелна, сепак неспорен факт е дека истите се случуваат. Од едно истражување пред неколку години во Р. Македонија од склучени 14.000 бракови, 13% од нив се малолетнички.
 
Токму затоа, Општина Дојран преку Програмата за еднакви можности помеѓу жените и мажите предвиде одржување на обуки заедно со стручни лица од Центарот за социјални работи – Гевгелија, за важноста од продолжување на образованието, предизвиците кои ги носи бракот и семејството, особено ако се склучат премногу рано во животот.
 
Информативните средби ќе се одржат во сите населени места во Општина Дојран започнувајќи од 29 август, а ќе траат до 5ти септември. Термините за секоја информативна средба ќе бидат дополнително објавени. На истите, предвидено е да присуствуваат деца од училишна возраст, како и нивните родители. Интерактивниот пристап и можноста да се разговара со стручни лица пред се на оваа тема, а потоа и на сите останати теми кои ги засегаат младите од општината е главна карактеристика на состаноците од ваков тип.
 
Според законот за семејство, во брак може да стапи лице кое има наполнето 18 години. Во случај лицето да е малолетно надлежниот суд може да одлучи дека лице коешто наполнило 16 години може да стапи во брак, доколку исполнува одредени критериуми за физичка и ментална зрелост по процена од центарот за социјални работи и здравствена институција да добие дозвола да стапи во брак. Според Кривичниот законик, детските бракови се забранети, а животот во вонбрачна заедница со малолетни лица се смета за повреда на правата на децата и претставува кривично дело. 

Освен што малолетничките бракови имаат негативно влијание врз здравјето на младите девојчиња тоа е и една од причините за напуштањето на училиштето. Раната бременост може да ги принуди девојчињата да го напуштат училиштето без да ги завршат студиите и без потребните вештини, тие се соочуваат со тешкотии да најдат работа и следствено се изложени на висок ризик од сиромаштија.
 
Програмата за еднакви можности годинава предвидува обуки и за врсничко насилство, булинг во училиштата. Благодарение на поддршката и слухот на советниците од Советот на Општина Дојран за ваквите проблеми, обуките за врсничко насилство, како и информативните состаноци за малолетничките бракови се реализираат на високо ниво, односно со стручни лица и претставници од релевантни институции.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *