МЛАДАТА КОШАРКАРКА ОД ГЕВГЕЛИЈА АНА МИЛЕВСКИ БЕШЕ УЧЕСНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ КАМП ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ

WEB Телевизија во живо

Ана Милевски, која оваа година го заврши шестото одделение во ООУ „Крсте Мисирков“, а игра кошарка за екипата на „Прима Баскет“ од Гевгелија, во периодот од 10 до16 јуни 2022година беше повикана да учествува во Маврово, на Националниот камп 2022година, за талентирани кошаркарки од генерацијата родени 2009 и 2010 година. Кампот беше во организација на Кошаркарската Федерација на Македонија, а во рамките на проектот на ФИБА “Развој на нови генерации”.
 
Ана, која се интересира за сите спортови но кошарка активно тренира од 2016 година беше дел од младите кошаркарки и кошаркари, вкупно 60, од целата држава, што е голем успех не само за неа туку и за нејзините тренери Живко Старделов и Павле Николов, за тимот на „Прима баскет“ и за општина Гевгелија, се разбира.
 
Ана, која игра на позицијата play i shooter, во моментот е во Грција, во кампот на Скурас со својата екипа, а за ТВ Нова 12 изјави дека вредно тренирала до сега а нејзина желба е понатаму професионално да тренира, да стане успешна кошаркарка и да ги брани боите на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *