ПРИВРШУВААТ ИЗВЕДБЕНИТЕ РАБОТИ НА БРАНАТА „КОНСКО“, НАЈГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

Градежните работи околу Браната Конско и придружните објекти се во завршна фаза на изведување, неодамна изјавија од турската компанија SERKA TAAHHÜT İNŞAAT.A.Ş, изведувач на овој капитален проект. Веќе се завршени 85 отсто од изведбените работи, и од компанијата планираат, доколку се оди според планот, техничкиот прием по објекти и во целост да започне од јули 2022 година.
 
Да потсетиме дека во февруари 2015 година во Општина Гевгелија беше извршена јавна презентација и анкета на Студијата за оценка на влијанието на животната средина, а на крајот на 2016 година и беше издадено одобрение за градба на Конска брана на турскиот изведувач на работите, компанијата Адалихолдинг, една од најголемите компании во Турција со 50 годишно искуство во конструкција и градба на енергетски објект, избрана на меѓународен тендер.
Оваа брана е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“со капацитет на акумулација од 21 милиони метри кубни вода , и нејзиното пуштање во употреба ќе значи навремено обезбедување на вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини.
 
Капиталниот проект, Брана Конско е најголема инвестиција во последните 50 години во Општина Гевгелија. Изградбата на хидросистемот Конско за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализација на нивната долгогодишна потреба и желба за навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, до плантажите и фармите, но и вода за полнење на Дојранското Езеро. Освен за наводнување, водите од акумулацијата „Конско“ и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија, а ќе се отворат можности и за развој на планинскиот туризам. Проектот е финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од Програмата за рурален развој и од буџетот за таа намена се издвоени 40 милиони евра.
 
Инаку, Браната Конско е брана од типот на каминонасипни брани со асфалтнобетонско јадро. Ваквото асфалтнобетонско јадро е составено од специјално проектиран асфалтбетон и се вградува со специјализирана опрема под будниот надзор на стручниот персонал. Овој тип на брани, како што ни изјавија од компанијата се во овој момент многу актуелни во светот, а Конска Брана ќе биде втора во Македонија изградена на ваков начин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *