ГОРАН ГЛАВЧЕВ СО ВТОРИОТ ТРИПЛ-ДАБЛ ВО КАРИЕРАТА ПРОТИВ АКАДЕМИЈА ФМП, СЕ ВПИША ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ИСТОРИЈА

WEB Телевизија во живо

Бекот на КК „Кожув“, Горан Главчев, на вчерашниот натпревар против Академија ФМП, го впиша своето име во историјата на македонската кошарка. Со 13 поени, 11 скокови и десет асистенции, тој стана втор играч , заедно со Димитар Караџовски, на кого му успеало да постигне трипл дабл на два натпревари. Првиот трипл дабл, Главчев го постигна како играч на „Блокотехна“, на натпреварот против КК „Струмица“, кога имаше 16 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
 
Позади Главчев и Караџовски, на листата со по едно трипл дабл остварување се наоѓаат имињата на Едис Нури, Горан Самарџиев, Тони Симиќ, Горан Главчев, Никола Караколев, Предраг Самарџиски и Адем Мекиќ.
 
Горан Главчев е роден на 19 јуни 1993 година во Гевгелија. Кошаркарската кариера ја започнува во родниот град во екипата на тогаш второлигашот „Кожув“, со кој во сезоната 2010/2011 го освојуваат второто место и се пласираат во Првата македонска лига.
 
Во досегашната кариера, Главчев со „Кожув“ бил вицешампион и финалист на кошаркарскиот Куп, додека играјќи за „Блокотехна“ ја освојува БИБЛ, Балканската лига, и играл во финалето на македонскиот кошаркарски Куп.
 
До сега, освен за овие два клуба, настапувал и за ККРадовиш“, КК „Работнички“и КК „Младост“ од Земун.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *