ДИЈАНА ЃОРГИЕВА,ЧЛЕНКА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ГО ОСВОИ 25-ТО МЕСТО НА 10-ТА „АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА“ ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

ДИЈАНА ЃОРГИЕВА,ЧЛЕНКА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ГО ОСВОИ 25-ТО МЕСТО НА 10-ТА „АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА“ ВО СКОПЈЕ, ВО КОНКУРЕНЦИЈА НА НАД 2000 УЧЕСНИЧКИ.
ЗАЕДНО СО НЕА ТРЧАА И НЕЈЗИНАТА СЕСТРА ЕЛЕНА ЃОРГИЕВА КАКО И ФРОСИНА СТАНКОВСКА
 
Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа jубилејното десетто издание на Авицена Женската трка. Повеќе од 2000 учеснички трчаа на дожд и го разубавија Градскиот Парк и Град Скопје.
На оваа трка одличен резултат од 15 минути и 6 секунди оствари чланката на АК„7-Ми Ноември“ од нашиот град со што се пласира на 25-то место. Заедно со неа трката ја истрчаа и сестрата на Дијана, Елена Ѓеоргиева, како и нивната пријателка
Фросина Станковска.
 
Трката со години е доказ дека жените без разлика на возраста имаат спортски дух, а здравите навики се дел од нивното секојдневие.
Испраќам порака до сите жени, во уште поголем број да се пријават и да земат учество на некои од наредните настани во следниот период или наредната година на 11-тото издание на Авицена Женска Трка.“, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.
Учесничките на Авицена Женската трка трчаа 3 километри, а стартот и целта на трката беа во Градски парк.
 
Оваа година, од вкупниот број учесники прва до целта пристигна Весна Кираџиева за 12 минути и 22 секунди, второто место ѝ припадна на Бојана Наумовска со 12 минути и 35 секунди и на трето место се најде Вера Украдевска, која ја истрча патеката за 12 минути и 35 секунди.
По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2022.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *