ДРАМАТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА!

WEB Телевизија во живо

ДИЗЕЛОТ ПОСКАП ЗА 10, БЕНЗИНИТЕ ЗА 5,5 ДЕНАРИ. ОД УТРЕ ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ ОДРЕДУВААТ НА ДНЕВНА ОСНОВА.

Драматичен раст на цената на горивата објави РКЕ на својата веб страница.
Новите горива ќе стартуваат од ноќеска на полноќ.
Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени.
 
Од 8.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,319 (денари/килограм)
 
„Побарувачката на горива во земјата изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите во јавноста дека ќе има недостиг, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер ‘Окта’ во недела не работи.
 
 Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостиг на дизел-гориво на некои наши бензински станици“, истакнуваат од „Макпетрол“.
Компанијата денеска уште во раните утрински часови го обезбеди целото расположливо гориво од „Окта“, а тоа во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол“.
 
Очекувањата се дека снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол“ во следните денови ќе се нормализира.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *