ПОСЛЕ ТРИ НЕДЕЛИ, ГЕВГЕЛИЈА ПОВТОРНО СЕ НАЈДЕ НА КОВИД КАРТАТА.

WEB Телевизија во живо

По тринеделната пауза, кога во општина Гевгелија немаше регистрирано граѓани инфицирани од Ковид-19, во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје, меѓу 19 –те новоинфицирани, се најде и еден наш сограѓанин.
Овој случај, како и зголемувањето на активните случаи во државата во последните десеттина дена од речиси 100 проценти, како да му даваат за право на епидемиологот доктор Сашко Олумчев, кој во неодамнешниот разговор за ТВ Нова 12 кажа дека мерките на олабавување, нашите граѓани погрешно ги сватија. „Тие мерки, рече тогаш доктор Олумчев, Владата ги ублажи не за да одиме масовно на свадби и крштевки, на одмор во земјава и странство, туку да ни помогнат да почнеме економски да функционираме и колку толку да се вратиме во некоја нормала, но, потенцираше тој, истовремено да продолжиме да ги почитуваме превентивните мерки, носење маски и држење дистанца.“
„Ако се земе во предвид дека Делта сојот е 60 до 70 проценти позаразен од Алфа сојот и дека не треба дистанца од два метри, туку само блиц контакт за да се добие инфекција, тогаш работата е, истакна Олумчев повеќе од сериозна.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *