НА 6-ТИ МАЈ 1924 ГОДИНА ВО ВИЕНА ИЗДАДЕН МАНИФЕСТОТ НА ВМРО(ОБ) ЗА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

WEB Телевизија во живо

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење.
Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 мај 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО – Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.
 
Со Манифестот кон македонскиот народ и македонската емиграција раководството го запознавало и јавното мислење на Балканот за претстојната борба на Организацијата за ослободување и за обединување на раскинатите делови на Македонија. Апелирало до сите револуционерни сили да се обединат за создавање единствен македонски револуционерен фронт што ќе работи и за единствен балкански револуционерен фронт.
 
Мајскиот манифест претставувал пресвртница и нова страница во борбата на ВМРО за создавање на обединета и независна македонска држава. Манифестот во својот текст внел сосема нови формулации по однос на решавањето на македонското прашање.
За националистичката политика на соседните балкански држави и нивниот однос кон Македонија и борбата на македонскиот народ за самостојност и независност во манифестот било јасно истакнато дека:
Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства.
 
Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *