ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ! НА ДЕНЕШЕН ДЕН АВИОНИТЕ НА БРИТАНСКОТО ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ГО ЗАПОЧНАА БОМБАРДИРАЊЕТО СО НАПАЛМ БОМБИ НА ЦЕЛИ СЕЛА И НАСЕЛБИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА. СО ТОА ЗАПОЧНА НИВНИОТ ЕГЗОДУС.

WEB Телевизија во живо

Оваа година се одбележува 73 – годишнина од егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, денешна Грција, територија која многумина ја сметаат за окупирана. На денешен ден, со авиони на Британското воено воздухопловство, започна бомбардирањето на цели села и населби на Македонци со напалм, што ги натера Егејците да ги напуштат своите вековни огништа
„Тешкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас – жените од носење ни се отсекоа рацете и вратот, и лрамената и имавме темни модринки по грбот и градите. Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 километри и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа само искинати работи, раскажува “мајката” Лена Сулевска.“
„Откорнати, прогонети, раселени, погубени, прекрстени. Кого ќе прашате и кој ќе ви каже кој сте и од каде сте?„
Во сеќавање на мојата сакана баба Евгенија, прогонета од село Попадија, Леринско, Егејска Македонија, и на нејзините деца, мајка ми Јана, и вујковците Вангел и Ристо

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *