ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „ОДРЖЛИВ КУЛТУРЕН И РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ГЕВГЕЛИСКИОТ РЕГИОН“ НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

WEB Телевизија во живо

Синоќа, во Угостителската сал на СОУ „Јосиф Јосифовски, пред голем број на граѓани, претставници на институции и на приватниот сектор, како и гости од збратимениот град Инџија, Република Србија, беше промовиран проектот „Одржлив културен и рурален туризам во Гевгелискиот регион“.
 
Раководител на проектот е м-р. Бранко Бизоев, а соработници: Ангела Бизоев, Стефче Стефанов, Лидија Јовановска, Ристо Диманчев, членови на проектниот тим: Софија Стојанова, Наталија Димеска, Елена Галовиќ, Љубица Гоцевска, Снежана Стојанова, Верица Клисарова, Билјана Петрова.
Целта на овој проект, како што истакна м-р Бранко Бизоев е гевгелискиот регион да биде претставен како препознатлива, конкурентна и квалитетна lifestile дестинација, која во свеста на туристите ќе остане како единствено доживување, незаборавно искуство и препознатлива слика. На тој начин, потенцираше Бизоев, овој регион ќе го направиме да биде поразличен од другите, со можност туристите да покажат многу поголем интерес за него.
 
Низ самата презентација, идеата и целта на авторите на овој интересен проект јасно се исцрта. За успешно формирање на еден туристички производ пресудно е постоењето на квалитетни и расположливи ресурси. Според авторите, туристичката понуда на Гевгелискиот регион тие ни ја презентираа преку два проекта како идни туристички производи, кои во себе содржат легенди, историја и автентичност.
 
Првиот проект е „Седумте вкусови на регионот Гевгелија“, а вториот е насловен како „Фестивал на смоквата од античко време до денес“
Во првиот проект „Седумте вкусови на регионот Гевгелија“, се назначени седум вкусови кои регионот Гевгелија сака да им го понуди на своите гости како бренд, а тоа се : вкусот на зрелите смокви, вкусот на музиката и носиите на манифестацијата Ѓуро-Мара, вкусот на ајварот, вкусот на кикиритките, вкусот на домашната ракија, вкусот на „пинџурот“, вкусот на виното, и на крај планината Кожуф која нуди одлични услови за планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдерство, пешачење и лов.
 
Вториот проект, „Фестивал на смоквата од античко време до денес“, ја нуди манифестацијата „Смоквијада“, која би се одржувала на археолошкиот локалитет „Вардарски рид“, под закрилата на Деметра, лик кој потекнува од античкото време и претставува туристички сувенир на Гевгелија.
 
Промоцијата на одржливиот рурален и културен туризам, може да донесе низа предности за заедницата како што се: создавањето на нови можности за работа и приходи, заштита на културното наследство, зачувување на природните ресурси, подобрување на инфраструктурата, поддршка за локалните занаети и производи. Овие се само некои од предностите што заедницата може да ги добие, доколку активностите наведени во проектот, правилно се менаџираат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *