ПЕТ ГОДИНИ ОД ЗАМИНУВАЊЕТО НА УМЕТНИЦАТА ГОРДАНА ХАЏИ-НИКОЛОВА МАЛАШЕВ

WEB Телевизија во живо

Kолку е суров животот. И краток. И безмилосен. Нашата Гордана Хаџи-Николова Малашев почина на денешен ден, пред пет година, на 43 години во својот роден град Гевгелија. Од друга страна пак, овој живот е многу убав, бидејќи на кратко ни ја подари секогаш насмеаната Гоца. Гордана во животите на своите најмили и на оние кои ја познаваа, ги внесе сите бои на овој свет. И отворената насмевка и нескриениот оптимизам.
 
Гордана е дипломец на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) во 2000, отсек вајарство во класата на професорот Драган Попоски-Дада, а во неговата класа и магистрира во 2003. Работела како виш конзерватор во Музејот во Гевгелија. Била член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ од 2000 на ДЛУГ – Друштво на ликовни уметници на Гевгелија од 2004 и на ДЛУБ – Друштво на ликовни уметници на Битола од 2009.
Непосредно пред да почине, во април месец, 2019 година, Гордана стана добитничка на наградата за современа скулптура „Академик Боро Митриќески“, за делото „Сѐ уште жив“ на изложбата насловена „Современа скулптура“
 
„Делата на Гордана Хаџи-Николова Малашев скриени длабоко некаде во нејзината потсвест излегуваат од ударот на нејзиното длето во својата најчиста и најискрена форма со едноставни, мирни и чисти површини. Од подножјето на парчето дрво, обработено со длето, се ослободува фигурата која со својата совршена површина остава впечаток како да се лизнало од грубата материја и се престорило во смисла на зборот во ’раѓање на формата’“, велат од ДЛУМ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *