И МУЗЕЈ ГЕВГЕЛИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

WEB Телевизија во живо

Европски денови на културното наследство 22 – 28 септември 2022 година „Одржливо наследство“ е темата на Европските денови на културно наследство 2022. Со тоа се става фокус на активната улога на заедниците, коишто градат поодржлива и посигурна иднина за европското наследство, во контекст на климатските промени и ризиците што тие ги носат.
 
Во нашата земја, Европските денови на културното наследство ќе се организираат во периодот од 22 – 28 септември 2022 година. Во манифестацијата ќе земат учество дваестина музеи, граѓански здруженија и други институции од четиринаест градови и села во целата земја.
 
НУ Музеј Гевгелија се приклучи кон оваа манифестација со тоа што ќе има презентација за учениците и граѓаните на тема „Одржливо наследство“, со тоа што влезот за посетителите ќе биде бесплатен во периодот од 22 до 28 септември.
Европските денови на културното наследство, како заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската комисија, се помеѓу најшироко одбележуваните културни настани во Европа. 
 
Повеќе од 50.000 настани што ќе се реализираат годинава низ целиот континент, имаат за цел да ја препознаат вредноста на заедничкото европско наследство и потребата тоа да се сочува за денешните и идните генерации.
 
Во таа смисла, Европските денови на културното наследство претставуваат одлична можност да се подигне свеста за ризиците со коишто е соочена животната средина, како дел од нашето споделено наследство, и да се преземе одржлива и одговорна акција за нејзина заштита.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *