ДВА ИЛИНДЕНА, ЕДНО ПРАШАЊЕ-ЌЕ ИМА ЛИ СЛОГА И ОБЕДИНЕТОСТ ?

WEB Телевизија во живо

Обединување околу изворните илинденски идеали, мултикултурниот карактер на државата во крушевскиот Манифест, почит за борците за македонската кауза, ќе бидат дел од пораките на државниот врв за прославувањето на Илинден. Традиционално како и во изминатите 31 година, на овој ден присутни се и поделбите.
 
На стартот на манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република”, со што официјално почнаа чествувањата на празникот Илинден, премиерот Ковачевски во обраќање до јавноста истакна:
 
„Ако некој кочи прогресивни идеи, тогаш неговите интереси не се во интерес на државата. Имаме обврска да јуришаме кон европската иднина.. Според него, сега водиме битка за сегашноста и иднината. Тоа е идејата зад која треба сега да застанеме. Тоа зависи од нас и мораме да го направиме. Оваа битка пред е нас е битка за сегашноста и иднината и ви ветувам заедно ќе ја добиеме.

Илинден е и ќе биде нашата сила за европска иднина. 

Борбата мора да продолжи затоа што слободата се чува,а иднината се освојува,“ потенцира премиерот пред присутните во Крушево.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак во вчерашното гостување во централниот дневник на ТВ Канал 5 во однос на ретерирањето на изјавите за референдумското изјаснување на претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека воопшто не е разочаран бидејќи како што рече ставот на Пендаровски не му значи, како и дека единствено што покажал Пендаровски со ова е дека e поданик, а не државник.
 
Само народот е владетел на својата држава. 
Ниту Христијан, ниту Пендаровски, ниту Ковачевски, ниту Ахмети, ниту Села, ниту Касами, никој не е од нас, туку народот е стопан на својата држава и тој нека одлучи смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *