ВО ГЕВГЕЛИЈА ОТКРИЕНИ 2 СЛУЧАИ НА ОМИКРОН

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ОД КОВИД НА НЕРВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ СЕ 10 ПАЦИЕНТИ, МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА РАБОТИ КАКО ДНЕВНА 24 ЧАСА.

Министерството за здравство информираше дека новиот, Омикрон сој засега е откриен во 12 градови – Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Како што не информираа од Општата болница во Гевгелија, моментално, во нервно-психијатриското одделение хоспитализирани се 10 пациенти, додека е зголемен бројот на дневни прегледи во ковид модуларната болница, која е на располагање на пациентите 24 часа.

Анализите покажуваат и дека последнава недела за 51% е зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19. Најголем број од заразените се лица на возраст од 30-39 години (27%), 20-29 години (24) и 40-49 години (17%).

Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Од Министерството за здравство посочуваат и дека според епидемиолошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптомите или добивањето на позитивен резултат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *