Нема одмор додека трае огнената стихија во Македонија!
Под ова мото, пред два дена свештеници од Гевгелиското архиерејско намесништво ја посетија Територијалната против пожарна единица-Гевгелија, за да ја предадат донацијата за гевгелиските пожарникари. При тоа, на својата страна тие забележаа:
„Денес, со благослов на нашиот Архиепископ г.г Стефан и митрополитот Повардарски г. Агатангел, ги посетивме браќата од ТППЕ Гевгелија за да им донираме вода и конзервирана храна.
Би сакале да се заблагодариме на нашите анонимни поддржувачи од Швајцарија кои донираа две палети вода (168 пакети), на анонимната сестра која донираше триесет пакети вода, но и на сите вас кои дониравте финансиски средства на нашата жиро сметка со кои денес набавивме 1000 паштети и 500 месни нарезоци кои денес ги дониравме во ТППЕ Гевгелија.
Додека бевме во Гевгелија пожарникарите добија дојава дека огнот се приближил до селото Негорци и имавме прилика да ја видиме нивната спремност за брзо делување, но и загриженоста на нивните лица… Пожарникарите, драги браќа и сестри, се хероите на денешницата затоа што, иако се слаби опремени со заштитна опрема, тие без размислување ,веднаш штом добијат повик, поаѓаат да се изборат со огнот.
Повторно упатуваме апел за донации во вода, конзервирана храна, сокови, колачиња… за да им помогнеме на сите кои се вклучени во нерамноправна битка со огнената стихија во Македонија.
Благодарност до @evn Macedonia кои и денес се погрижија за горивото и за трошоците околу патарините.
Бог да ве благослови и нека ве чува од секое зло!!!“
Убаво е да се донире за да се помогне во овие моменти на опасност од пожари на вредните и бестрашни пожарникари. Но не ми е јасно зошто се финансираат непотребно фирмите кои продават флаширана вода. Водата е пиечка во нашата општина и тоа е сувишно. За останатото секој чест кога државата не е во можноста да го обезбеди истото.