Навивачката група од Гевгелија „Фантоми Север“, од 14-ти до 30-ти јули ќе го организира првиот меморијален турнир во мал фудбал во чест на гевгелиската и македонска голманска и тренерска легенда Никола Гелебешев.
Екипите ке бидат поделени во следните категории:
Младинска категорија, генерации родени од 2005 до 2008 година, и млади пионери во 3 генерации: 2009/2010, 2011/2012 и 2013/2014.
Награден фонд за младинската категорија е:
1-Место 12.000 денари 2-Место 8000 денари 3-Место 4000 денари, а ќе бидат доделени и награди за најдобар стрелец,најдобар играч, и најдобар голман
За младите пионери предвидени се наградни ваучери и пехар за 1,2, и 3 место и медали за секој играч. Исто така и за нив ќе има поединечни награди за најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот.
Како што ни изјавија од навивачката група „Фантоми Север“ идејата за овој турнир е да се растрчаат младите фудбалски таленти од Гевгелија и околината во чест на Никола Гелебешев, бидејќи, велат тие, тоа е нешто што него најмногу го исполнуваше.
Инаку, Никола Гелебешев, кој почина минатата година, беше еден од најдобрите голмани во Македонија во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, и едно од најпознатите фудбалски имиња од југот на Македонија. Тој во текот на долгогодишната кариера бранеше во три клуба, Кожув од Гевгелија, МИК (сегашно Скопје) и Работнички. Во сите тие остави силен печат и симпатизерите на секој од овие клубови со пиетет се сеќаваат на него.
Никола Гелебешев бранеше и во ФК Вардарски од Богданци во сезоната 1978/79