Над 150 учесници учествуваа денеска на исклучителнио тешката планинска трка „Момата рок треилс 2023“, која по деветти пат се одржа на падините на Селечка планина. Трката е долга 21 км, со висинска разлика од 1.100 метри, а организатор беше Здружение за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп. Стартот и финишот беа пред манастирот Свети Димитрија, над село Селце, во близина на Прилеп.
Меѓу учесниците, на овој настан настапија и гевгелиските атлетичари, Валентина Узунова и Методија Ичев од ЗПСК „Кожуф“, како и Мијалчо Андоновски член на АК „7-ми Ноември“,
Методија Ичев и Мијалчо Андоновски во машка конкуренција трчаа во рамките на своите претходни резултати.
Со ваквите настани Прилеп уште еднаш докажа дека е Центар за развој на екстремниите спортови во Македонија.
Еден коментар за “ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ТРЕТА ГЕНЕРАЛНО, А ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 18-ТИ ДОДЕКА МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ 43-ТИ НА „МОМАТА РОК ТРЕИЛС 2023“ ВО ПРИЛЕП”