Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.
Учителите имаат значајна улога во детскиот развој преку нивниот придонес во образувањето и воспитувањето, преку менторирање. мотивирање и афирмација на знаењето што им го пренесуваат на децата. Но, нивната улога на педагози и воспитувачи е подеднакво важна и во улогата на пријатели на учениците и заштитници на креативниот и интелектуален развој на младите генерации.
УНЕСКО го прогласи 5-ти октомври за Меѓународен ден на учителите во 1993 година. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, го празнува Светскиот ден на учителот од 1966 година.