УЧИТЕЛИ, НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ- 5 ОКТОМВРИ. ДОБРИОТ НАСТАВНИК Е КАКО СВЕЌА-СЕ ТРОШИ СЕБЕСИ ЗА ДА ИМ ГО ОСВЕТЛИ ПАТОТ НА ДРУГИТЕ.

Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.
Учителите имаат значајна улога во детскиот развој преку нивниот придонес во образувањето и воспитувањето, преку менторирање. мотивирање и афирмација на знаењето што им го пренесуваат на децата. Но, нивната улога на педагози и воспитувачи е подеднакво важна и во улогата на пријатели на учениците и заштитници на креативниот и интелектуален развој на младите генерации.
Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти!
УНЕСКО го прогласи 5-ти октомври за Меѓународен ден на учителите во 1993 година. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, го празнува Светскиот ден на учителот од 1966 година.
May be an image of child and text
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *