ТОШЕ ПРОЕСКИ ДЕНЕС ЌЕ ПОЛНЕШЕ 43 ГОДИНИ

“МАКЕДОНСКИОТ СЛАВЕЈ”, СО СВОЈАТА ПЕСНА И НАСМЕВКА ГО ОБЕДИНИ БАЛКАНОТ
 
На денешен ден, 25 јануари 1981 година, во Прилеп се роди “балканскиот ангел”, “македонскиот славеј” Тоше Проески. Беше еден од најпопуларните македонски пејачи, најомилена личност на просторите на бивша Југославија, а со својата песна, насмевка и хуманост, го обедини Балканот.Негов заштитен знак беа зборовите “Ве сакам сите”, а неговото вистинско име Тодор, во превод значи “божји дар”. Како дете сакал да биде лекар, но подоцна музиката влезе во неговиот живот. Животот му беше музика а музиката беше неговиот живот. Несреќно го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година близу Нова Градишка, Република Хрватска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *