На денешен ден, 25 јануари 1981 година, во Прилеп се роди “балканскиот ангел”, “македонскиот славеј” Тоше Проески. Беше еден од најпопуларните македонски пејачи, најомилена личност на просторите на бивша Југославија, а со својата песна, насмевка и хуманост, го обедини Балканот.Негов заштитен знак беа зборовите “Ве сакам сите”, а неговото вистинско име Тодор, во превод значи “божји дар”. Како дете сакал да биде лекар, но подоцна музиката влезе во неговиот живот. Животот му беше музика а музиката беше неговиот живот. Несреќно го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година близу Нова Градишка, Република Хрватска.