Прославата по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј, денеска започна најнапред со празничната Света Златоустова Литургија, на која пееше Градскиот мешен хор ГОРТИНИЈА, додека во 10,30 часот следуваше благословување на кумски колачи и Водосвет.
Во 11,30 часот , црквата „Свети Кирил и Методиј“ и Дом на култура „Македонија“, во дворот на Црквата организираа концерт на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА и настап на мандолинскиот оркестар Полифонија.
Пред концертите за ликот и делото на сесловенските браќа говореше Жаклина Атанасова, професор во СОУ „Јосиф Јосифовски“.