ПРАЗНИЧНА ЛИТИЈА БОГОРОДИЦА-ЦВЕТ КОЈ НЕ ВЕНЕЕ, СО КОЈА СЕ БЛАГОСЛОВИ ГЕВГЕЛИЈА

Прославата по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј, денеска започна најнапред со празничната Света Златоустова Литургија, на која пееше Градскиот мешен хор ГОРТИНИЈА, додека во 10,30 часот следуваше благословување на кумски колачи и Водосвет.
 
Во 11.00 часот сите граѓани кои милуваа, заедно со уметниците на Ансамбл Македонија и свештениците учествуваат во Литијата Богородица-Цвет кој не венее која ја благослови Гевгелија.
 
Во 11,30 часот , црквата „Свети Кирил и Методиј“ и Дом на култура „Македонија“, во дворот на Црквата организираа концерт на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА и настап на мандолинскиот оркестар Полифонија.
 
Пред концертите за ликот и делото на сесловенските браќа говореше Жаклина Атанасова, професор во СОУ „Јосиф Јосифовски“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *