„СИТЕ ЛИЦА НА КОЖУФ“-ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА ДИМИТАР НОВАКОВ.

Националната установа Музеј Гевгелија вечерва, вторник, 15 октомври организира изложба на фотографии „Сите лица на Кожуф“ од Димитар Новаков. Изложбата ќе биде отворена во Уметничката галерија „Амам“ со почеток од 20 часот и е реализирана со поддршка на и Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Инаку, гевгеличанецот Димитар Новаков е фотограф и визуелен уметник кој од 2014 година фотографира пејзажни и улични фотографии со цел да покаже колку навистина е убав светот кој не опкружува.
За Димитар Новаков фотографијата е повеќе од хоби. Неколку негови фотографии имаат освоено награди на конкурси. До сега има одржано три самостојни изложби во Гевгелија, а има учествувано и во повеќе групни изложби во земјата и странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *