Со натпреварите Кожув-Вардар и Охрид-Навико Академија ФМП, започнуваат натпреварите од новоформираната плеј-аут лига. Овие четири екипи кои имаа најслаб ефект по 22 одиграни кола, ќе одиграат уште по шест натпревари, по што двете екипи со најслаб резултат ќе се преселат во Втората лига.
Вечерва, во салата 26 Април, со почеток од 18 часот ќе се сретнат екипите на Кожув и Вардар, што е можност за гевгеличани со победа да ги зголемат шансите за опстанок во Првата кошаркарска лига.