КК „КОЖУВ“ ГИ ЗАПОЧНУВА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КОШАРКАРСКАТА ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

Со натпреварите Кожув-Вардар и Охрид-Навико Академија ФМП, започнуваат натпреварите од новоформираната плеј-аут лига. Овие четири екипи кои имаа најслаб ефект по 22 одиграни кола, ќе одиграат уште по шест натпревари, по што двете екипи со најслаб резултат ќе се преселат во Втората лига.
 
Екипите на Кожув и Охрид имаат предност во оваа плеј-аут лига бидејќи имаат пренесено по една победа повеќе од ФМП односно две повеќе во однос на екипата на Вардар.
 
Вечерва, во салата 26 Април, со почеток од 18 часот ќе се сретнат екипите на Кожув и Вардар, што е можност за гевгеличани со победа да ги зголемат шансите за опстанок во Првата кошаркарска лига.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *