БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ЌЕ ЈА ЧЕСТВУВА 150 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА СВОЈОТ ПАТРОН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ.

WEB Телевизија во живо

СО ПОЕЗИЈА НА НИКОЛА МАЏИРОВ БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ЌЕ ЈА ЧЕСТВУВА 150 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА СВОЈОТ ПАТРОН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ.

ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија за своите читатели и сограѓани организира чествување на патрониот празник на библиотеката-150 години од раѓањето на Гоце Делчев, македонски национален херој, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, По тој повод на 04.02.2022 (петок) со почеток во 18:00 часот ќе се одржи поетска вечер со македонскиот поет и есеист Никола Маџиров. Модератор ќе биде Пепи Стамков, а за музичкиот дел ќе се погрижат “Џез трио: Пенче Кралев”

Никола Маџиров (поет, есеист, преведувач) е роден 1973 г. во Струмица, Македонија. Неговата поезија е преведена на четириесет јазици и објавувана во списанија и антологии во Европа, Азија и Америка. За поезијата од книгата „Преместен камен“ (2007) ја добива европската поетска награда „Хуберт Бурда“ за автори од Источна Европа, како и најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладинови“. За книгата „Заклучени во градот“ (1999) му е доделена наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга, а за книгата „Некаде никаде“ (1999) наградата „Ацо Караманов“. Според неговите стихови музика компонирал авангардниот американски џез-композитор и саксофонист Оливер Лејк (Oliver Lake), соработник на Бјорк (Björk) и Лу Рид (Lou Reed). Никола Маџиров настапувал на многубројни книжевни фестивали и добитник е на неколку меѓународни награди и стипендии: „International Writing Program“ (IWP) на Универзитетот во Ајова во САД; „Literarisches Tandem“ и „LCB“ во Берлин; „KultuKontakt“ стипендијата во Виена; „Villa Waldberta“ во Минхен и „Villa Marguerite Yourcenar“ во Франција. Координатор е на меѓународната поетска мрежа „Lyrikline“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *