ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ДАДЕ СВЕЧЕНА ИЗЈАВА И СТАНА ШЕСТИ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ПРВА ЖЕНА НА ОВАА ПОЗИЦИЈА!

WEB Телевизија во живо

На инаугуративна седница во Собранието, Гордана Сиљановска-Давкова даде свечена изјава за стапување на функцијата претседател на Северна Македонија во мандатниот период 2024 – 2029. Силјановска-Давкова – шести претседател и прва жена на оваа позиција од осамостојувањето на државата.

Таа се обврза дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независност Република Македонија.
Ќе го почитувам овој парламент, рече таа, и ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа.
 
Својот говор таа им го посвети на жените кои, рече, се оние заради кои се нафатила да се кандидира за оваа должност и затоа што сака да ги инспирира дека е можно во земјава и жена да стане претседател на државата.
Исто така, таа порача дека е време е за единство „кое може да значи и женска филозофија и женска автентичност“ и дека државата ја имаме благодарение не само на комитите и партизаните, туку и на комитките како Сирма Војвотка и на партизанките како Вера Циривири-Трена, Вера Јоциќ и Ибе Палкуќа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *