ВО СЕЌАВАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОР, ПРОФЕСОР ДОКТОР ТОМЕ МАНЧЕВ

WEB Телевизија во живо

Се навршија четири години од 12 април 2020 година,кога ненадејно, тивко, како што живееше цел живот, во седумдесеттата година од животот, почина големиот македонски композитор Томе Манчев. Композиторот Томе Манчев е роден во Гевгелија 1950-та година. Средно образование завршува во градската гимназија, дипломира на ФМУ во Скопје а знаењето го надградува со највисокиот степен на студии – уметничка аспирантура во Прага. Докторира на Музичката академија во Софија и станува доктор по уметнички науки од областа на оркестрацијата. Томе Манчев е редовен професор на факултетот за музичка уметност. 

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои се издвојуваат највисоката награда на Сојузот на композиторите на Македонија „Трајко Прокопиев„ за животно дело како и наградата за животно дело од Музичките педагози на Македонија. Од 1979 година па се до денес илјадници слушатели, ученици и студенти добиле професионален патоказ, кој ги води низ нивниот уметнички, професионален и педагошки процес.
Д-р Томе Манчев спаѓаше меѓу најафирмираните македонски автори кој во своето творештво негуваше индивидуален стил и јазик како негов личен творечки печат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *