ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ ПРВ ВО КАТЕГОРИЈА И 21 ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА 5 КИЛОМЕТРИ НА МАРАТОНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ ВО СОЛУН

WEB Телевизија во живо

На Маратонот „Александар Велики“ во Солун кој се одржа денес, недела, 21 април 2024 година, се одржаа три трки, на 5, 10 и 42,2 километри. И на овој 18-ти по ред маратон свое учество зедоа 23 натпреварувачи од АК „7-ми Ноември“.
 
Поголемиот дел од нив настапија на трката на 5 километри, која стартуваше од пред Општинската зграда во Солун, и тоа: Ристо Котев, Бобан Пешиќ, Горан Јованов, Цона Старделова, Теодор Граматиков, Петар Лешев, Марија Атанасова, Никола Беќиров, Влатко Семенаков, Никифор Џалев, Петранка Никова, Влатко Димов, Проше Митовски, Ана Старделова, Наташа Демирџиева, Андон Дучков, Ангела Шаренкова, Димитар Ангов, Марина Митрова, Иван Митров, Надица Несторова и Тања Несторова.
 
Во оваа трка голем успех постигна Влатко Семенаков, кој во својата категорија, во која трчаа 664 тркачи, го освои првото место, додека во генералниот пласман, од вкупно 5736 натпреварувачи, Влатко беше одличен 21.
На трката од 10 километри, чиј старт беше од стадионот Ампелокипи, настапи Андон Дучков, додека на главната трка, маратонот од Пела до Солун, во должина од 42,2 километри, настапи Горан Јованов.
 
Првиот меѓународен маратон „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ се одржа на 16 април 2006 година и беше резултат на визијата на многу луѓе кои ги претставуваат атлетските и културните институции ширум Грција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *