СВЕТСКИ ДЕН НА ПАРКИНСОВАТА БОЛЕСТ- 11 АПРИЛ

WEB Телевизија во живо

Светскиот ден на Паркинсоновата болест се одбележува од 1997 година на 11 април, роденденот на англискиот лекар Сер Џејмс Паркинсон, кој прв ја опиша болеста. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свеста и знаењето за причините, симптомите и опциите за третман на овој важен јавен здравствен проблем. Паркинсонова болест е хронично прогресивно невродегенеративно нарушување на централниот нервен систем во кое умираат клетки кои лачат допамин. Болеста значително го намалува квалитетот на животот на заболеното лице и влијае на семејството и целата заедница.

Се проценува дека околу 7 милиони луѓе ширум светот страдаат од Паркинсонова болест. Инциденцата на болеста е почеста по 60-годишна возраст. Овој голем јавен здравствен проблем ќе се зголеми како резултат на стареењето на популацијата и продолжениот животен век.
Од оваа болест боледувале и боледуваат и некои познати личности: боксерот Мохамед Али, пеачот Ози Озборн, глумецот Мајкл Џ. Фокс кој годишно инвестира милиони долари за истражување на болеста и откривање на лек. Од неа боледувал и покојниот папа Јован Павле II.
 
Раното препознавање на болеста е од круцијално значење. Доколку навремено се откријат симптомите и болеста се препознае, со соодветен третман на кој пациентот строго ќе се придржува, можна е контрола на тегобите и спречување на натамошниот развој на Паркинсоновата болест. Затоа, доколку забележите кај себе или кај некого од своите блиски постоење на некој од наведените тегоби кои упатуваат на можност од постоење на Паркинсонова болест, не чекајте симптомите спонтано да поминат, туку обратете се на невролог. Со навремена и соодветна терапија оваа болест може успешно да се третира, со што на пациентот ќе му се овозможи нормално живеење и самостојно извршување на секојдневните активности.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *