СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ-4 АПРИЛ

WEB Телевизија во живо

Во целиот свет денес се одбележува светскиот ден на бездомните животни, 4 април.
Денес би требало да се сетиме на овие суштества кои се во потрага по храна, вода и место за спиење по улиците на светските градови. Според статистиката 75% од популацијата на кучиња и мачки немаат дом, што го прави проблемот алармантен.
Главна причина за зголемената популација на овие животни на улица е нивното неконтролирано размножување, неодговорните сопственици и стереотипите за стерилизација на домашните миленичиња.
 
Постои уште еден ден посветен на напуштените животни, а тоа е третата сабота од месецот август. Иницијативата за овие два посебни дена потекнува од холандски активисти, се со цел да се подигне свеста за важноста на овој проблем.
Можеби денешниот ден ви изгледа ист како и другите денови, но не мора да биде така. Направете го посебен ден за некое куче кое се движи во близина на вашиот дом, или за мачка која постојано се обидува да ви се приближи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *