ПРВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ-„ГЕВГЕЛИЈА ДЕНС ФЕСТ“

WEB Телевизија во живо

Викендот, во Гевгелија по првпат се одржа Интернационалниот фестивал во модерен танц „Гевгелија Денс Фест“, во организација на Танцовото студио за модерни танци „Мистик“- Гевгелија. Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, каде што се одржа Фестивалот, се натпреваруваа над 500 учесници од повеќе танцови студија од земјата и странство, а нивните настапи во повеќе категории ги оценуваше стручна жири-комисија. Настанот предизвика голем интерес кај публиката, која ја исполни салата „26 Април“
Овој успешен настан е уште еден од низата спортски и културни настани, кои имаат огромен придонес во афирмирање на градот Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *