ПРОФЕСОРОТ ЉУДМИЛ СПАСОВ:

WEB Телевизија во живо

„БУКВАТА Ѕ Е МАКЕДОНСКИ БРЕНД СО КОЈ СЕ РУШИ ЦЕЛАТА БУГАРСКА ПРОПАГАНДА.“
 
Гласот Ѕ е една од основните посебности на современиот македонски јазик, но и на континуитетот на посебноста на неговиот историски развој. Корените на овој глас се во старословенскиот јазик, кој е обележан и во глаголското писмо, пишува професорот Људмил Спасов.
 
Само во македонскиот јазик од сите словенски јазици сѐ уште најѕвонливо одѕвонува гласот Ѕ кога се изговара: ѕвоно, ѕвезда, ѕвекот, ѕвер, ѕид, ѕирне, ѕуница, ѕевгар…, па дури и детскиот поздрав со честичката „ѕе“. Токму фактот дека гласот Ѕ е и една од најсилните карактеристики за историската и современа посебност на македонскиот јазик, бил несоборлив аргумент за негов „опстанок“ и при современата кодификација на јазикот.
 
Денес, Ѕ (глаголица: ) е десеттата буква во македонската азбука; меѓутоа овој глас е многу постар и е означен и во старословенското писмо, односно уште во глаголицата на Кирил и Методиј, каде што бил означен со графемата („ꙃѣло“). Во глаголицата секој глас имал свое „име“, а буквата што денес се изговара како Ѕ, се нарекувала „ѕјало“ со значење на „сѐ“. Буквата го означува гласот фонетски означен како ʣ и фонетски е опишана како звучна венечна слеана согласка. И покрај идентичниот изглед, оваа буква е несродна со латиничната буква Ѕ (С), која дошла од грчката буква сигма.
 
Гласот Ѕ останува континуирано да се користи во македонските говори низ целиот историски развој на македонскиот јазик, до ден-денес. Иако се сретнува и во дијалектите на други словенски јазици (црногорскиот, хрватскиот – во истарските говори, словенечкиот – во делот кај Алпите, се сретнува и во полскиот јазик…), сепак во македонскиот јазик овој глас е зачуван и обележан со посебна графема и во современата азбука.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *