ПРЕД ЕДНА ГОДИНА НАРОДНИОТ МУЗЕЈ ГЕВГЕЛИЈА ЈА ПРЕТСТАВИ „ДАМАТА ОД МИЛЦИ“ НА ИЗЛОЖБАТА ВО ЧИКАГО „ПРВИТЕ КРАЛЕВИ НА ЕВРОПА“

WEB Телевизија во живо

Во просториите на Филдовиот музеј во Чикаго, пред една година,свечено беше отворена, долгонајавуваната меѓународна изложба “Првите кралеви на Европа”. Со учество на 26 музеи од 11 земји од Југоисточна Европа, помеѓу кои три национални установи од Република Македонија, Завод-Музеј од Битола и Прилеп и музејот од Гевгелија.
 
НУ Музеј-Гевгелија во контекст на своето учество ја презентира Дамата/Принцезата од Милци (гроб 111 од некрополата Милци), која со своите статусни симболи, а особено приложената култна палка, беше препознаена како кохезионен елемент на концептот на самата изложба и нејзиниот назив – Првите кралеви на Европа.
 
Во текот на периодот на систематски архееолошки ископувања на некрополата Милци во период од 2011-2022 год., Гробот 111 беше откриен во текот на истражувачката сезона во 2014 год. Систематските ископувања на некрополата Милци во организација на НУ Музеј-Гевгелија се реализираа под стручно раководство на Бобан Хусеновски археолог кустос-советник, а истите беа целосно финансирани од страна на ресорното министерство на Република Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *