ОТВОРЕН ПРВИОТ ИНКЛУЗИВЕН ПАРК „ИЦЕ БЕГОВ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Станува збор за парк од околу 2 000 квадрати метри кој се наоѓа во кругот на Пионерскиот дом во Гевгелија со што градот добива модерен, урбан, хортикултурно уреден простор кој ќе придонесе за поголема посветеност и интеракција меѓу граѓаните.
Целиот проект чини околу 4 милиони денари и е опремен со најразлични реквизити кои треба да овозможат еднаквост за сите граѓани, без разлика на нивната попреченост и специфични потреби.
 
Паркот беше реализиран со поддршка на општина Гевгелија која го изготви основниот проект за истиот. Според градоначалникот Андон Сараманов ова е само еден пример кој треба да покаже како со заеднички иницијативи може да се создаваат квалитетни вредности за сите во заедницата.
На свеченото отворање, кое беше извршено од страна на Ристо Самарџиев и лицата со посебни потреби од двата дневни центра во Гевгелија, му претходеше осветувањето на паркот од страна на свештеници од Гевгелиското Архиерејско намесништво.
 
Ице Бегов беше едно младо момче кое пред три години прерано го напушти овој свет и ги остави најблиските и пријателите затечени со огромна тага во нивните души. Но тој зад себе остави голем број прекрасни спомени од сите изминати години, а по нив и ќе го паметат сите оние кои го познаваа. Ќе го паметат како момче со ведар дух, секогаш насмеан најгласно колку можеше; со пријатели од сите градови на Македонија и пошироко, со амбиции за успех на секое поле кое си ги замисли и оствари во инаку краткиот век кој го живееше; со несебична љубов и емпатија кон сите околу него.
 
За него пречки не постоеа, живееше 200 на саат, за него важеше паролата Замислено – остварено. Оние, кои го познаваа и сакаа ќе си го спомнуваат и понатаму со сите негови доблести и маани, а, по добрите и хумани дела на Фондацијата која го носи неговото име, ќе го живеат неговиот дух меѓу нив и активно ќе делуваат за подобрување на условите за живот и правата на оваа ранлива група на граѓани.
 
„Веруваме, истакнаа од Фондацијата „Ице Бегов“, дека ова ќе биде место каде што сите ќе можат да уживаат и создадат незаборавни спомени, место каде што нашите напори и ангажираност како фондација за подобри услови на лицата со посебни потреби на крај конечно ќе се исплатат кога ќе го слушнеме детскиот џагор во овој парк.
Мисија на Фондацијата е преку многу вакви проекти во ова динамично живеење да се овозможи овие лица да добијат поквалитетен живот и поздрава иднина, да не се почуствуваат запоставени и помалку важни во општеството, да докажеме дека бариери и предрасуди не постојат, а за тоа да се оствари сите треба заедно да делуваме и да придонесуваме.
Овој парк е заедничко катче за сите граѓани на Гевгелија, затоа треба и сите со заеднички сили и љубов да се потрудиме да го зачуваме и негуваме неговото постоење.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *