ОДРЖАНО ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ МЕСТА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024

WEB Телевизија во живо

Денеска, Комисијата на Општина Гевгелија го спроведе ждребувањето за утврдување на места за бесплатно истакнување на изборни плакати за Претседателските избори 2024 година..
На ждребувањето присуствуваа овластени претсатвници на кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска-Давкова и Максим Димитриевски.
 
Организаторите на Изборната кампања ќе можат да истакнуваат плакати на следните места: Бетонската ограда на Градскиот стадион, Оградата на Градското пазариште(источна страна), Бетонските столбови на надпатникот на влезот во Гевгелија и Бетонскиот потпорен ѕид во центарот на Миравци.
 
Организаторите на изборната кампања ќе можат да постават и паноа на шеталиштето во градот, на обележани места.
Исто така, овластените претставници се согласија, редните броеви за истакнување на предизборни плакати на Претседателските кандидати да останат исти и за Парламентарните избори 2024.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *