НЕМА ДА ИМА ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА 41. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ПОРАДИ ПРЕДИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

WEB Телевизија во живо

Од денешната, 41. Седница на Советот на Општина Гевгелија, Телевизија Нова 12 нема да врши директен пренос, поради предизборните активности кои се во тек. На оваа седница Советот ќе заседава по Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година и Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година. 

Од областа на урбанистичкото работење, Советот ќе расправа по одлуки за донесување на урбанистички проекти и прифаќање иницијативи од баратели за измена и дополнување на Детални урбанистички планови. Како и по Предлог-Програмите за: контрола на популацијата на бездомни кучиња и контрола на кучиња со сопственик затекнати на јавна површина на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година, одбележување на истакнати личности со спомен-обележја и спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година. 

Притоа, ќе уследат и Информации за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија, состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *