НАСЕ ЕПОВ УБЕДЛИВО ПРВ НА ТРКАТА „КРУГ НИЗ НЕА МЕСИМВРИЈА“ ВО ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Насе Епов, член на АК „7-ми Ноември“, оствари убедлива победа на првото издание на трката ,,Круг низ Неа Месимврија” во истоимениот град во Грција. Единствениот претставник на гевгелискиот клуб ја помина тешката патека од седум километри за точно 26:00 минути.
Културното друштво Неа Месимврија беше организатор на оваа прва трка, Круг низ Неа Месимврија, настан за кој организаторот ќе се стреми да стане традиционален. Секоја година тие ќе оддаваат почит на личност важна за историјата на Нова Месимврија.
Овогодинешниот натпревар беше посветен на добротворот Киријакос Дамаск .
Низ рута од 7 километри, тркачите поминуваа покрај 13 референтни точки за населеното место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *